Red Bull Stratos – a dive in a brand that propelled a company to the stars!


Once you get the hang of the main idea supporting your brand and if you have the grit to make it happen, as time passes things will have the tendency to move quite easily.

Guided by their simple yet very effective motto: “Red Bull gives you wings” the Red Bull company throughout the years succeeded to narrow down the focus of their marketing activities to a pinpoint. The story of Red Bull was never about the taste, the ingredients or the value of their product. On the contrary, it has always been about enabling people to do and achieve more.

I felt frustrated because I didn’t find out about the Red Bull Stratos project sooner. It is indeed a very ambitious undertaking which: 1. Took serious investment and 2. It took years and years of planing. Once I realized that, these two facts really excited me but not because of their magnitude and complexity. Amid the huge logistics of the project, the company never lost track of their brand and all that it stands for. Being a consumer of their marketing messages throughout the years I’ve come to a conclusion that it is crystal clear to the company what sort of activities they should endorse. It was clear for the company the last 10 years prior to this project and I believe it will remain clear for the next 10 years to come. The endorsement of such an ambitious, mammoth project would be unthinkable without a clear vision and a constant dedication to your brand.

The other thing that fascinates me about this project is that Red Bull as a company actually demonstrated the values by which it expects their target group to live by.

Historically they’ve always sponsored extreme sports and activities: F1 teams, cliff divers, extreme skiers – you name it. But this time they took it up a notch. This time, besides the financial and the reputational risk, Red Bull endorsed a project that put the life of a human being (Felix Baumgartner) on the line. This company is not satisfied with statements… They don’t stop at “Be extreme”. They are willing to walk their own talk. This kind of risky attitude solidifies the Red Bull brand as one of the strongest on the global market and it is one of the rare brands that truly operates by its own values.

To welcome risk is of crucial significance for the progress of corporations, and smaller business too. Projects such as these push the envelope and discover new ground of possibilities and creativity.

One might say that creativity is a result of unusual thinking i.e. to use the cliche: “To think creatively is to think out of the box”, but in this case there is nothing revolutionary in the way of thinking. There is no indication that Red Bull stepped out of their true nature or what they really are. They didn’t have to reinvent themselves nor search for opportunity on the outside. What happened is that they took such a deep dive in their own brand box. They dove so deep that they found something that propelled them to the stars, literally and in terms of media coverage.

From the most inner depths of their brand to the stars on the sky, this event left a such blazing trail which surely will continue to shine in the media and in our own collective memories in the times that come.

Ред Бул Стратос – падот што ја издигна компанијата до ѕвездите!

Еднаш кога ќе ја сфатите идејата позади Вашиот бренд и останете упорни во нејзината реализација,  како одминува времето, работите ќе имаат  тенденција да одат како подмачкани. Водени од своето едноставно мото „Ред Бул ти дава крилја“ оваа компанија низ годините успеа да даде  неверојатно прецизен фокус на своите маркетинг активности и има(ше) едноставна цел: да ни раскаже и покаже што би можеле да направиме доколку го консумираме овој пијалок. Приказната за Ред Бул никогаш не била за цената, не била за состојките,  ниту била за беспрекорниот дизајн. Приказната за Ред Бул од секогаш била за овозможувањето и поттикнувањето на нивните потрошувачи да направат нешто повеќе и да ги тестираат своите граници.

Жал ми е што претходно немав претходни информации за проектот Red Bull Stratos. Несомнено станува збор за многу сериозен проект во кој се вложиле многу финансии и години планирање. Овие фактори кај мене будат голема фасцинација, но не од гледна точка на менаџирањето и организацијата туку од гледната точка на некомпромитирање на брендот и постојаноста во неговото имплементирање. Може да се заклучи дека во Ред Бул е многу јасно какви маркетиншки и промотивни активности ќе се поддржат. Јасно било уште пред 10 години, а јасно е уште за минимум 10 (можеби и повеќе).  За да се поддржи проект што ќе се развива неколку години потребна е постојаност и неколебливост во својот бренд, и токму тоа е факторот што и овозможи на компанијата да влезе во проект од овој ранг.

Другата работа што ме фасцинира е што преку вакви проекти компанијата се однесува на истиот начин кој им го препорачува на своите потрошувачи. Red Bull Stratos е високоризичен научен експеримент и тоа на повеќе нивоа: финансиски, по репутацијата на компанијата и ризичен по човечкиот живот на пилотот! Ред Бул како компанија преку вакви проекти ризикува и ги тестира своите граници – исто како пилотот и научниот тим во овој проект, исто како пилотите на форумула 1, исто како скокачите од карпи – спортови во кои оваа компанија зема активно спонзорско учество. Компанијата не само што им кажува на своите потрошувачи каков однос треба да имаат кон својот живот, туку таа не се плаши ни да го демонстрира тоа. На овој начин компанијата Ред Бул целосно го живее својот бренд. Таа има бренд од 360 степени.

Учестувањето во ризични проекти е од круцијално значење за напредокот на компаниите, напредокот на брендовите и маркетингот во целина. Ваквите проекти ја прошируваат мапата на можности и мапата на креативните идеи, а креативноста е основниот принцип кој го овозможува развојот.

Ќе си речете дека креативноста е резултат на нетипичното размислување – „thinking out of the box“, но во овој случај, што се однесува до стратешкото размислување имаме многу конзервативно размислување. Ред Бул во ниеден момент не излегоа од своите навики, надвор од она што навистина се. Тие мислеа внатре во својата кутијата, но влегоа толку длабоко што добија резултат што ги однесе до ѕвездите – и буквално и според добиените маркетиншки резултати.

Најдобрите 10 македонски пакувања бр.5 и бр.4

На 5тото и 4тото место се наоѓа една од ретките македонски компании која сериозно ја сфати проблематиката на својот визуелен идентитет и изгледот на своите пакувања.

Vitalia Redfruit bars
Redfruit bar (6x35g) – Виталија | Дизајн: Brinner Creative Studio

Во годините кога се основаше Виталиа се чини дека не постоеше голема потреба за производите именувани како „здрава храна“.  Може да се каже дека оваа компанија е пионерот кој ја создаде потребата кај македонскиот потрошувач притоа истовремено отворајќи простор на полиците од македонските маркети за производите групирани под името„здрава храна“. Денес Виталиа изгледа многу поинаку од компанијта со две специјализирани продавници во Скопје кои многу тешко се наоѓаа. Како што растеше нивното портфолио на производи, така истите почнаа да стануваат се подостапни на рафтовите. Со тек на времето Виталиа почна да станува од компанија препознатлива по уникатни производи (глина, јаворов сируп, млеко од соја) во една „понормална“ компанија, сега попрепознатлива по нивните цереалии и енергетски плочки. Овие нови производи настапија на пазарот со еден карактеристичен дизајн кој изгледаше многу поразлично претходните производи на оваа компанија но, и од производите на останатите компании во истиот сектор.

Кафената етикета во која е впишан несмасно уреден текст наеднаш стана голема бела површина со современ фонт, современи бои и квалитетни фотографии, а логото од проѕирно стана исклучиво бело. Новите производи конечно оддаваа современ и софистициран впечаток. За среќа овој успех во визуелниот третман се совпаѓаше со успехот на постигнатиот вкус и карактеристичната крцкава текстура на самите производи. Житариците на Виталиа преку ноќ станаа бренд без практично никаква промоција. Производите зборуваа сами за себе. Ова е резултат на постигнатата синергија помеѓу пакувањето и содржината на производите која вели: „тоа што го гледаш – тоа и го добиваш, ако не и повеќе!“.

Најверојатно водени од успехот на житариците со амбалажа во бела ќеса, компанијата почна да произведува и житарици во картонски кутии. Паралелно со овие пакувања почнаа да се појавуваат и енергетски плочки во различни серии и вкусови. Карактеристичното за сите нови пакувања е што кај сите беше забележлив плоштниот третман на бојата. Се чини дека секој единечен производ на Виталиа има за задача да игра голема бела цигла меѓу останатите производи, а доколку овие производи се наредат блоковски (по вообичаениот начин кој се користи во малопродажбата) за потрошувачот е неизбежно го забележи овој бел ѕид меѓу останатото шаренило. Ова е само доказ дека Brinner Creative Studio  многу добро знае што прави и многу добро ги сфаќа трендовите во малопродажбата.

Vitalia Granola
Granola 350g – Виталиа | Дизајн: Brinner Creative Studio

Плоштниот третман на бојата е практика која релативно скоро почна да се применува во дизајнот на пакувањата. Интересно е да се забележи дека дизајнерите ја искористиле и црната боја за пакувањето на еден од производите на Виталиа – Red fruit bar (premium). Оваа боја до сега беше резервирана само за чоколадите и кафињата па затоа треба да се честита на раководството на оваа компанија зошто (нетипично) ја прифатило оваа боја како доминантна за еден од нивните производи, кој патем изгледа одлично!

Од другата страна на овој голем успех се кријат опасности со кои верувам дека би можела да се соочи компанијата во иднина. Имено, редизајнот не е застапен кај целото нивно портфолио па доколку земете на пример оцет, органски чај и гранола житарки и ги поставите едни до други ќе немате претстава дека се работи за производи од иста компанија. Ова не е секогаш неопходно за успехот на производите, меѓутоа тие оддаваат впечаток дека се направени  во различни временски периоди кои имаат распон од 4 декади. Второ, новите производи се соочуваат со опасноста да станат монотони и недоволно диференцирани. Белината иако е успешна за разграничување помеѓу производите од другите компании, таа не е успешна во разграничувањето меѓу сопствените серии производи (гранола житарки и vitality житарки). Распоредот на елементите во пакувањата останува скоро ист и карактерот на употребените фотографии останува да биде генеричен (stock photo), впечаток кој под наплив на некој  бренд  кој зрачи со поавтентичен дух веднаш би се растворил во својата недефинираност сведувајќи ги на еквиваленти со пакувањата на private label брендовите (читај Веро павлака). Како илустрација, доволно е да се споредат овие житарки со брендот на Plazma. Најпосле, сите нови пакувања што изглегоа откако е ангажирано Brinner Creative Studio се на англиски. Иако Виталиа е компанија која сака да остави светски впечаток, се добива чувство дека со овој потег бега од своите корени и штета е што барем производите што се пласираат на македонскиот пазар не го носат нашето писмо.

Под претпоставка дека оваа компанија го остварува својот извоз во регионот кој не изобилува со висококвалитетни производи и голем број на автентични брендови верувам дека и покрај овие опасности компанијата остварува позитивен резултат. Способноста да се види оваа слабост кај домашните компании и кај компаниите од регионот и  храброста да се усвојат нетипични промени во изгледот и квалитетот на производите се карактеристиките кои и го трасираат патот кон успехот на Виталиа. Токму поради доа  верувам дека и натаму ќе гледаме успешни производи и успешни пазарни потези од оваа домашна компанија.

КОН МЕСТО БР.6