Тинекс – креативно изложување на производи

Пријатно се изненадив кога влегов во реновираниот Super Tinex маркет кај Драмски. Имено, ја искористиле можноста да изложат некои производи меѓу просторот на нивните ескалатори. Ова одлично функционира, најпрвин бидејќи е нешто неочекувано, а и го збогатува искуството на пазарење со тоа што им дава можност на посетителите да изберат производ во движење.

Погледнете како тоа изгледа на видеoтo подолу:

п.с. Моите познаници од социјалните мрежи ми посочија дека овој начин на изложување веќе се применува подолго време што е одлична вест. Иако не сум имал можност да влезам во некои од овие маркети на две нивоа, мислам дека овој пристап сеуште на потрошувачот му нуди дополнително и збогатено искуство на пазарење.